Мартин со ова предупредување стана веќе 3 играч во НБА лигата оваа сезона кој доби таков третман. Пред него предупредување добија плејмејкерот на Минесота Џ.Џ Бареа и бекот на Кливленд Доналд Слоан. Флопот се слуќи на почетокот на 4/4 против Детроит, а Кевин Мартин по шутот за 3 падна како покосе, додека видео доказите велат дека Џонас Јеребко не ни го допрел.
Според новото правило, играчот по првото предупредување, во прилика на другото добива казна од 5000 долари, додека за третиот флоп треба да плати 10 000 долари, за четвртиот 15 000 долари. По петтиот флоп (30 000 долари) следува казна за неиграње од 3 натпревари.
0 comments:
Post a Comment