Home » , » Миличиќ би можел да се врати во Европа за да биде со болната мајка

Миличиќ би можел да се врати во Европа за да биде со болната мајка

Written By Unknown on 20.11.12 | 20:15

Иако фановите на Селтикси имаа големи надежи за Дарко оваа сезона, бидејќи беше солиден на натпреварите во претсезоната, сепак тој не добива ни минимална минутажа во регуларната сезона.

Дел од причината се крие во тоа што неговите мисли се во Европа, поточно кај неговата мајка која е болна, па се шпекулира дека би можел да ги напушти Бостон за да биде со неа.

Миличиќ, кој беше избран како втор пик на драфтот во 2003 година, не патува со тимот на Бостон на гостувањата и се очекува во текот на неделава да ја објави одлуката дека ја напушта НБА и тимот на Бостон.

Како и болната мајка, така и фактот дека нема ниту еден натпревар настапено за тимот на Бостон уште од нивниот воведен дел во оваа нова сезона, што дополнително го фрустрира, ја прават неговата одлука неизбежна.

Наводно, Док Риверс му рекол да не брза со одлуката и добро да размисли, но факт е дека никој во тимот на Бостон не смета на неговите услуги. Доколку или подобро кажано кога Дарко ќе ги напушти Селтикси шансите за негово враќање во НБА речиси и да не постојат.

Бостон како негова замена највероватно ќе го ангажираат Кенјон Мартин, кој и тоа како има што да понуди на НБА со својата игра, квалитет и искуство.

0 comments:

Post a Comment