Home » , » Никси назад на западот против Хорнетс, Лејкерс ги пречекуваат Нетс

Никси назад на западот против Хорнетс, Лејкерс ги пречекуваат Нетс

Written By Unknown on 20.11.12 | 20:55

Ни следи НБА ноќ од само 3 натпревари, но кога ќе навлезете и во овие три натпревари, би требало да биде интересна и возбудлива ноќ. 


Њу Орлеанс Хорнетс 02:00 Њу Јорк Никс 
Ова е прв дуел оваа сезона помеѓи овие два тима и воедно прв дуел на руки - ѕвездата Ентони Дејвис против Кармело Ентони, неговиот соиграч од тимот на САД на изминативе ОИ во Лондон. 
Њу Јорк Никс се вратија на победничките патеки со победа на домашен терен во неделата, откако претходно беа поразени од Мемфис Гризлис, со што им беше срушен стартот од 6 победи и ниту еден пораз. Како и да е, Никси се сеуште најдобриот тим во раната фаза од НБА лигата, иако во своите редови сеуште ги немаат Амаре Стадемаер и Иман Шамперт. Њу Јорк влегува како апсолутен фаворит на гости на овој натпревар, но никогаш не треба да ги потценуваме младите Хорнетс, кои покажаа на неколку наврати дека знаат да бидат незгодни дури и против НБА елитата. 
Њу Орлеанс моментално има лоша серија од 3 последователни порази и рекорд од 3-5. Ентони Дејвис полека но сигурно се навикнува на НБА условите на игра и го покажува својот раскошен талент, а вистински доказ за тоа беа 28-те поени на Дејвис против Бакс на минатиот натпревар за Хорнетс. 
Со оглед на тоа дека на Њу Орлеанс очајно им треба победа, а вечерва имаат и мала предност од домашен терен, би требало да очекуваме отпор кон екипата на Никси, што ќе го направи овој натпревар навистина интересен. 


Филаделфија СевентиСиксерс 01:00 Торонто Репторс
Сиксерс конечно се пронајдоа себеси во новата сезона и покажуваат знаци на вистински плејоф тим со овие две последователни победи позади себе. Даг Колинс одлично ги ротира своите играчи и тоа резултира со солидна минутажа која секој играч максимално ја пополнува. Одбраната повторно станува приоритет број еден за Филаделфија, додека лесни поени доаѓаат од секоја страна. Доколку Филаделфија продолжи да игра со вакво темпо во остатокот на сезоната, овој тим би правел големи проблеми за останатите конкуренти во истокот, а и кам-бекот на Ендру Бајнам би бил правовремен. 
Репторс пак, маки мачат без Кајл Лаури да победат последниве неколку натпревари, но импресивниот Хозе Калдерон покажува дека може да биде достојна замена за Кајл Лаури. Рекордот од 3-7 не звучи баш сјајно, но додадете здрав Кајл Лаури на овој тим, тоа значи дека можеме лесно да добиеме уште еден тим кој ќе претендира за плејофот на истокот. ДеМар Дероузан игра во животна форма и ќе мора да продолжи да игра вака импресивно, барем во отсуството на Кајл Лаури од тимот. 


ЛА Лејкерс 04:30 Бруклин Нетс 
Ноќта и ќе заврши со можеби најинтересниот дуел, дуел помеѓу две ново-оформени екипи. Лејкерс покажуваат дека офанзивниот систем на Мајк ДиАнтони може да се реализира до перфекција, а тоа го докажуваат и двете последователни победи на "езерџиите". Топките се губат многу поретко, а и одбраната покажува дека може да биде солидна, особено знаејќи го фактот дека тимот е предводен од офанзивно - насочен тренер како ДиАнтони. Во отсуство на Неш, Коби ја превзема лидерската улога и се повеќе ги истакнува своите плејмејкерски можности, па и последниот трипл-дабл за него е голем доказ исто така. 
Бруклин Нетс имаат 5 последователни победи и со рекорд од 6-2 веќе го држат најдобриот старт во франшизата последните 10 години. Работите удобно си влегуваат во својата позиција, а секоја играч си ја знае својата улога во новиот тим на Нетс. Можеби и беше очекувано, но Нетси само докажуваат дека можат да бидат елитен тим на истокот со неколкуте импресивни победи наназад. 

0 comments:

Post a Comment