![](http://img.bleacherreport.net/img/images/photos/001/780/908/146656438_crop_exact.jpg?w=650&h=440&q=75)
“Ќе потпишеме со Фишер оваа недела. Тој е играч кој дефинитивно може да ни помогне. На Дарен Колисон му треба вистинска замена на неговата позиција, а Фишер е идеален за тоа место“ - изјави тренерот на Далас Рик Карлисл по поразот во среда навечер од Чикаго.
Не одамна Далас имаше еден легендарен организатор на играта (Џејсон Кид), а одсега очигледно ќе има нова таква ѕвезда. Да се потсетиме дека Фишер минатата сезона ја завши играјќи за Оклахома Сити и тој настапи во големото НБА финале против Мајами. Притоа ги одигра сите 20 натпревари во плеј-офот во дресот на Оклахома.
Тој во лигата има поминато вкупно 16 сезони, а неговите најдобри денови се далеку кои се врзани за ЛА Лејкерс со кои успеа да освои пет шампионски прстени.
0 comments:
Post a Comment