Home » , » Демијан Лилард : Кандидатот за руки на годината и неговиот напорен пат до лесни поени

Демијан Лилард : Кандидатот за руки на годината и неговиот напорен пат до лесни поени

Written By Anonymous on 30.11.12 | 21:04


Младиот плејмејкер на Портланд желен да направи големи работи во големата лига...

Рукито на Портланд Демијан Лилар (22) уште од првиот натпревар покажа дека е одличен играч и привлекува внимание. Шестиот пик на драфтот го покажа целиот свој потенцијал во победата над Л.А Лејкерс каде запиша 23 поени и 11 асистенции.

Со овој учинок влезе во друштвото на играчите кој се наоѓаат во Куќата на Славните, Ајзеа Томас и Оскар Робертсон кој се единствени во НБА историјата да запишат во своето деби над 20 поени и 10 асистенции. Лилард беше феноменален во целиот натпревар, а во одлучувачките моменти даде и слободни фрлања, кој на натпреварот ги фрлаше 8/8.

Веќе по првите 10 натпревар беше јасно дека кога зборуваме за Лилард, зборуваме за кандидат за руки на годината. Само Ален Ајверсон и Демијан Лилард се првите кој по 10 натпревари во НБА лигата имале учинок од над 20 поени и 6 или +6 асистенции. По 15 натпревари, сјајниот плеј на Портланд не попушта - просечно дава 19.1 поени со 6.1 асистенција. Бројки за гордост.

За многу, феноменалните партии претставуваат изненадување. Но, не и за самиот Лилард. Во текот на целата сезона тренира напорно за да биде спремен за дебито во најдобрата кошаркарска лига. Саатите во теретана и секоја капка пролиена од пот носи резултати. Неговата жртва сега носи резултат со кој секој може да биде горд.

“Отсекогаш сметав дека драфтот е еден процес, и дека ги вклучува настапите во летната лига. Вредно работев во текот на летото. Не сум изненаден како започна сезоната за мене, бидејќи од почетокот верувам во себе. Знам дека работев напорно и денес сум во ситуација да бидам успешен.“ - вели 22 - годшниот плејмејкер.

Овој играч во текот на оваа сезона претставува вистински мотор на Блејзерси и ја води играта на маестрален начин. За многу, тој е веќе руки на годината. Меѓутоа, патот за да стане ѕвезда е сеуште трновит. Имено, за време на неговата средношколска кариера, Лилард не спаѓаше во редот на талентираните играчи. Неговата задача, кога и ако беше на теренот, беше исклучиво само да ја пренесува топката на половината на противничкиот тим.

“Роден сум во Оукленд, таму одев и во срдено. Искрено, на почетокот не ни важев за некој талентиран играч. Не бев во прв план, дури и верував дека никогаш нема да успеам во светот на кошарката. Меѓутоа, не се откажував. Никогаш не се откажувам лесно. Луѓето кој ме познаваа доаѓаа на натпреварите на средното школо Оукленд. Секогаш се трудев да слушам што се се слуша од трибините. Луѓето кој ме познаваа знаеа дека сум карактерна личност. И тоа отсекогаш ми било поважно од самата кошарка.“ - вели Лилард кој по завршувањето во средното школо се запиша на колеџот Вебер Стејт.

Ни првите две години во колеџот не му ја поправија репутацијата. Настапите во средното школо не привлекуваа внимание, а малобројните кој доаѓаа Лилард не го гледаа често на теренот. Сепак, секој саат ова момче го поминуваше на теренот тренирајќи од ново и од ново се додека не дојде до перфекција.

“Знаев дека сум физички понемоќен од многу играчи. Меѓутоа секогаш верував дека можам да стигнам до НБА лигата. По првите две години од студиите, почнав да се надевам уште повеќе. За тоа време накачив некој килограм и бев сосема сигурне дека можам да стигнам на крај со секој играч.“ - вели Лилард.

Желбата на ова момче денес е да се запише во златните страни на историјата на НБА лигата. Сега е на почетокот, а патот кој е пред него не е ни малку лесен. Ако се суди по она што го покажа до сега - секако дека во светот на најаката кошаркарска лига е и неговото име. А колку се реални желбите на овој играч, тоа ќе покаже времето...

0 comments:

Post a Comment