Ова е лоша вест за сите фанови на кошарката. Не само за оние на Филаделфија, туку општо. Враќањето на Ендру Бајнам беше одложено за уште неколку недели и може да се случи тој да пропушти уште многу натпревари до почетокот на Новата година во Јануари.
По уште една рендген снимка, Ендру Бајнам сега барем може да одржува тренинзи со Сиксерс, ни со почеток од 10. Декември.
Кога веќе би почнал да тренира, кога сите кондициски и здравствени способности на Бајнам би биле во ред, тој би можел да заигра некаде околу Нова година, на крајот на Декември.
Бајнам го пропушти целиот тренинг - камп на Филаделфија, нема одиграно ниту еден натпревар за својот нов тим и згора на тоа кажа дека се чувстува некомфортно со оглед на оваа ситуација.
Без Ендру Бајнам, Сиксерс до сега имаат рекорд од 4-2 и покажуваат дека можат барем да се борат сигурна плејоф позиција без него.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment