Home » , » Џејсон Ричардсон вели дека фотограферите не треба да седат под кошевите

Џејсон Ричардсон вели дека фотограферите не треба да седат под кошевите

Written By Unknown on 7.11.12 | 14:05

Помина само две минути од натпреварот помеѓу Сиксерс и Никс во неделата, кога Џејсон Ричардсон налета и стапна на ногата на еден фото репортер под кошот на Њу Јорк Никс. При тој момент Ричардсон го извитка својот зглоб и потоа не се врати во натпреварот.

Видео клипот подоле кажува многу зборови за повредата на Џ-Рич, само погледнете. Фото - репортерот беше баш каде што секогаш и секаде фото - репортерите седат, а Ричардсон неочекувано налета и стапна на неговата нога.

“Фотограферите навистина не припаѓаат тука - видовте што може да се случи. Тоа создава многу вакви проблеми за играчите. Мора да се најде друг начин.“ - изјави Џејсон Ричардсон по поразот на Филаделфија од Њу Јорк во неделата.

0 comments:

Post a Comment