Home » , » Булси подобри од Меџик, Тандерси лесно против Рапторси

Булси подобри од Меџик, Тандерси лесно против Рапторси

Written By Anonymous on 7.11.12 | 11:34


Image: Luol Deng of the Chicago Bulls (©Gary Dineen/Getty Images)
Кошаркарите на Чикаго стигнаа до 3 победа во 4 овосезонски настап во НБА лигата. Во својот Јунајтед Центар го совладаа Орландо со 99-93.

Лани ова беше дуел помеѓу Дерик Роуз и Двајт Хауард, но Роуз е сега повреден, а Хауард реши среќата да си ја побара во друг тим. Така да на овој натпревар главни улоги имаа Луол Денг кој во 4/4 даде 8 од своите 23 поени. До последната четвртина натпреварот беше многу изедначен, но потоа булси најдоја начин како да се справат со гостите од Флорида. Освен Денг, најдобар беше и Ноа со 20 поени и 9 скока, а кај Орландо се истакна Араон Афлало со 28 поени.

Оклахома Сити Тандер ја доби првата чевртина против Торонто со 30-17 и враќање веќе немаше. Тандер славеше со 108-88, а беше предводен од Расел Вестбрук со 19 поени и 8 асистенции. Серж Ибака даде 17 поени со шут 8-9, а по 15 забележаа Кевин Дурант и Кевин Мартин. Кај Рапторси најдобро беше европското дуо Џонас Валаничуас со 18 поени и Андреа Барњани со 16 поени.

Денвер стигна до својата прва победа во својот “Пепси Центар“ над Детроит со 109-97. Андре Игуадала натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 17 поени и 10 скока, а трага остави и Тај Лоусон со 15 поени и 9 асистенции. Кај Пистонси кој имаат 0-4 рекорд најдобар беше Грег Монро со 27 поени и 10 скока.

Денешни Резултати :


Чикаго Булс 99-93 Орландо Меџик



Оклахома Сити Тандер 108-88 Торонто Рапторс



Денвер Нагетс 109-97 Детоит Пистонс

0 comments:

Post a Comment