
Да потстиме дека Билапс го пропушти поголемиот дел од минатата сезона поради што на натпреварот со Меџик му пукна “Ахиловата Тетива“. Сигурно дека ова е добра вест Клиперси кој имено добиваат на искуство и добар играч на клупата.
Се поставува прашањето колку Билапс ќе влијаје на играта во ротацијата која ги вклучува Крис Пол, Вили Грин, Ерик Бледшо и Џамал Крофорд. Исто така треба да се додаде и враќањето на Грент Хил кој се враќа и се опорави од повредата на коленото. Со ова Вини Дел Негро би требало да му стави крај на лошата игра од клупата (освен Џамал Крофорд). Крис Пол е единствен играч од првата петорка, Грин е стартер, Бледшо ја носи играта и енергијата од клупата, а 6ти човек е Џамал Крофорд.
“Се чини дека ќе имаме многу проблеми, но се надевам дека нема да дојде до тоа. Тој носи доверба и искуство.“ - вели Пол.
Билапс лани беше на просеци од 15 поени и 4 асистенции по натпревар.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment