
Плејмејкерот на Селтикси имаше двоцифрен број на асистенции во сите 12 натпревари во новата сезона.
Тоа му успеа само на Меџик Џонсон, и тоа два пати. Рондо во сезонава бележи просечно 13.5 асистенции, со 13.3 поени и 4.5 скока по натпревар.
На Рондо му фалат уште 9 натпревари со над 10 асистенции за да го надмине големиот Меџик, и многу критичари веруваат во тоа.
Бостон моментално е втор во Атлантик Дивизијата со 7 победи и 5 порази. Подобри се само Нетси.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment