
Домаќините добро влегоја во мечот, сакаа да одлучат што побрзо кој ќе го добие тој натпревар. Така и беше. После двете први четртини Лејкерси имаа 21 поен разлика. Немоќните гости само гледаа како Хауард и дружината го разбиваат гошот, а во средината на 3/4 беше и 36 поени разлика и предност за тимот од “Градот на ангелите“.
Двајт Хауард беше централна фигура во триумфот на Лејкерс со 28 поени и 7 скока, а одлична игра имаше и Мета Ворлд Пис со 18. Коби Брајант даде 15 поени. Лејкерси имаат скор од 1-3, избегнувајќи го најлошиот старт во една сезона. Имено сезоната во 1957 година ја почнаа со 0-4. Последниот пат тие стартуваа со 0-3 во 1978 година.
Минесота имаше тешко гостување во Канада, каде беа поразени од Рапторси со 105-86. Тоа требаше и да се очекува затоа што “волците“ не можат да рачунаат на Рики Рубио и Кевин Лав. Кајл Лаури и Демар ДеРозан постигнаа по 22 поени и го предводеа тимот до првата победа, додека Андреи Кириленко беше предводник на “Волците“ со 17 поени, а Никола Пековиќ забележа 15.
Орландо Меџик беше сигурен на домашен терен против Феникс Санс со 115-94. Во третата четвртина е свртен мечот кога се постигнати 40 поени од страна на тимот од Флорида. Џ.Џ Реди беше најдобар за Орландо со 24 поени, Никола Вучевиќ постигна 18, додека кај гостите најдобар беше Луис Скола со 24 поени.
До првата победа оваа сезона стигна и Атланта која ја изненади Оклахома со 104-95. Гостите од Џорџија со серијата од 12-4 во 4/4 го решија натпреварот против тимот кој осеќа заостанување по трејдот на Харден во Рокетси.
Ал Харфорд беше лидер на Хокс со 23 поени и 12 скока, додека Лу Вилијамс како играч од клупата даде 19 поени. Кевин Мартин ги предводеше Тандерите со 28 поени, а Кевин Дурант даде 22.
Резултати :
ЛА Лејкерс 108-79 Детроит Пистонс
Торонто Рапторс 105-86 Минесота Тимбервулвс
Орландо Меџик 115-94 Феникс Санс
Оклахома Сити Тандер 95-104 Атланта Хокс
Њу Јорк Никс 100-84 Филаделфија Севенти Сиксерс
0 comments:
Post a Comment