Со овие 8 натпревари на програмата вечерва практично ја затвораме првата недела полна со НБА акција. Да го свртиме вниманието кон поинтересните мечеви за вечерва, во исполнетата НБА вечер.
Откако во неделата се пресметаа во Медисон Сквер Гарден, на домашниот терен на Њу Јорк, Никси вечерва одат на гости во Филаделфија за средба со Сиксерс, тимот кој во вчерашната пресметка беше поразен. Сега Филаделфија ја има предноста од домашен терен и своите домашни фанови, но тоа не треба да значи голема предност за 76ките.
Кармело Ентони ја отвори сезоната во одлична форма и откако постигна 30 поени и 10 скока со Мајами на првиот сезонски меч, против Филаделфија вчера имаше високи 27 поени и 5 скока. Ова е одличен пример за тоа како да се отвори една сезона на високо ниво, а тоа треба да е и факт на кој ќе се радуваат многу фанови на Њу Јорк Никс. Очекуваме Мело таа форма да ја пренесе и во вечерашниот натпревар, но како и на последниот натпревар, само неговата ефикасност нема да биде доволна за победа на Никси. Колективноста во тимот што ја предводат Џејсон Кид, Рејмонд Фелтон и Кармело Ентони е и тоа како забележлива, а тоа беше нешто што недостастуваше во играта на Никси минатата сезона.
Џру Холидеј беше играч на натпреварот за својот тим против Њу Јорк во неделата, постигнувајќи 27 поени и 7 асистенции. Фактот дека само тој одигра на високо ниво во редовите на Фили беше очигледен, па може да се заклучи дека тоа е најголемата причина за високиот пораз на Сиксерс. Спенсер Хоус беше одличен на првиот натпревар на Филаделфија против Денвер, но никаде го немаше на минатиот натпревар против Никс. На Дог Колинс ќе му треба перфоманс на високо ниво од скоро секој играч на ростерот на Фили, за тие вечерва да забележат победа против разиграните Никси.
Додека Њу Јорк Никс е најдобрата екипа на истокот во раниот дел од сезоната, Сан Антонио буквално "царува" во западната конференција. Спарси имаат рекорд од 3-0 и немаат никакви проблеми да победуваат, а тоа особено го покажаа против тимовите од тешката западна конференција, како на пример Оклахома Сити Тандер. Ману Џинобили се врати во составот на Сан Антонио минатиот натпревар против Јута Џез и за разлика од 16-те минути за Ману на тој меч, очекуваме поголема минутажа и секако поголем придонес во играта на Спарси од страна на Ману Џинобили. Иако годините на лидерите во тимот на Спарс помалку не запрашуваат дали тие уште можат да перформираат на високо ниво и да победуваат како во последните неколку години, Данкан и Паркер досега покажуваат дека тоа е можно и дека воопшто не е изненадувачки тоа што го прават Спарси.
Индијана пак забележува 2 тешки победи, а на пробувајќи да победат на тој начин и по трет пат забележаа пораз од Шарлот Бобкетс. Сепак, не треба да се запрашуваме за нивните можности во новата сезона, барем многуте очекувања за нив укажуваат на уште една голема сезона за Индијана. Дени Грејнџер сеуште е надвор од терените, па по 4ти натпревар по ред Џералд Грин ќе биде стартер на крилната позиција за Френк Вогел.
Секој тим бара да извлече што е можно повеќе од овој меч, а победа и на двата тима би им дошла супериорно. Но сепак, затоа и се играат 48 минути на теренот, за победа. Очекуваме интересен натпревар, кој да потсетиме дека ќе имате можност да го следите на програмата на Спорт Клуб.
Останатите натпревари:



















Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment