Home » , » Зошто Хауард и Крис Пол не завршија во еден ист тим?

Зошто Хауард и Крис Пол не завршија во еден ист тим?

Written By Unknown on 5.11.12 | 13:32

Денешната НБА не е ни малку на лик на онаа од минатото, кога не можело ни да се замисли Мајкл Џордан да го повикува Ајзеа Томас во Чикаго или пак Лери Бирд да се обиде да го наговори Меџик Џонсон да го напушти Лос Анџелес и до премине во Бостон. Денешната НБА лига е токму таква.

Како резултат на неколкуте договори меѓу НБА тимовите и играчите, заедно со тоа што денешните супер - ѕвезди во голема мера биле тимски соиграчи или пријатели за време на колеџ кариерите, сите се обидуваат да ги доведат најдобрите во своите тимови и да создадат супер тим. После успехот кој го имаа Двејн Вејд, ЛеБрон и Бош со формирање на Големата тројка и освојување на титула, веќе во нивната втора сезона, истото тоа се обидуваат да го направат и другите супер ѕвезди од другите тимови.

Сите мислеа дека наредниот супер тим ќе биде соединувањето на Хауард и Крис Пол, но тоа не се случи, иако двајцата завршија во еден ист град, но сепак во различни тимови. Уште од 2009 година и Пол и Хауард се обидуваа да направат се што е можно да завршат во еден ист тим. Хауард го повикуваше Пол во Орландо а тој него пак во Хорнетси. Но ништо од тоа не се случи. Втора опција беше двајцата да заминат во Далас, идеја која и на двајцата им се допаднала и ја прифатиле, но не се реализираше затоа што Далас немаше што да понуди во двата пакета што би ги заинтересирало Орландо и Њу Орлеанс. Сепак двајцата ги направија своите избори и го добија она што го посакуваа. Пол доби поголем пазар и доминантен висок играч под кошевите, а Хауард можност да се бори за титула и тоа не со било кој тим, туку со Лејкерси и Коби Брајант, Неш и Гасол. Дали ги донеле вистинските одлуки времето ќе покаже.

0 comments:

Post a Comment