Вечерва не очекуваат 9 интересни натпревари кој ќе се одиграат во таканаречениот “NBA Friday“.
Индијана е можеби најголемото разочарување во текот на сезоната. Делува криза во тимот и поради неиграњето на Дени Грејнџер тимот изгледа нестабилно, но останувањето во игра е и тоа како квалитетно. Дејвид Вест, Рој Хиберт и Пол Џорџ се играчите кој треба да го водат тимот во моменти кога владее криза како оваа. Далас играат навистина добро и без Дирк Новицки и интересно е дека тој се враќа вечерва. Минатиот натпревар Далас славеше кај Вашингтон, а најдобар беше О.Џ Мејо со 24 поени. Дарен Колисон вечерва за прв пат ќе ги пресмета силите со својот бивш тим.
Најдобриот двобој вечерва ќе се одигра токму помеѓу водечката екипа на Западот и водечката екипа на Истокот, помеѓу Мемфис Гризлис и Њу Јорк Никс. Гризлиси имаат навистина тешка недела, но успеаа да одговорат на сите барања од противниците. Прво го совладаа Мајами со +18, а потоа и Оклахома Сити Тандер со +10 поени. Тимот игра одлично,а често некој играч се појавува од втор план. Руди Геј постигна 28 поени против Оклахома, а исто така и Зек Рендолф имаше дабл-дабл, 20 поени и 11 скока. Никси се моментално екипа во “залет“ која не знае за пораз, а вистинскиот тест го имаа против С.А Спарси кога победија со резултат од 104-100. Оваа победа им е најзначајна бидејќи им е остварени против најјакиот противник, но и затоа што Кармело постигна само 9 поени. Екипата ја влечеја Рејмонд Фелтон со 25 поени, додека од клупата стандарден беше Џ.Р Смит со 17 поени.
Иако Мајк Ди Ентони сеуште не е седнат на клупата на Лејкерси, тие изгледаат некако поуверливо од почетокот на сезоната. Коби Брајант ги зема работите под контрола додека го нема Стив Неш, и прави се повеќе и повеќе асистенции. Победите на Л.А Лејкерси оваа сезона беа сите на домашен терен, а победа во гости не успеаа да земат против Спарси кога резултатот беше 84-82 кога Дени Грин даде тројка на 9.3 секунди до крајот. Денес сепак играат против тим кој игра добро, но и против тим против кој Коби Брајант има 42 поени просек во последните три натпревари дома.
Санси играат лоша одбрана, примаат доста поени, дури 108.6 во последните 7 натпревари. Нивнатата тактика со брзи контри и транзиција е да се дадат повеќе поени, со послаба одбрана. Во деновите кога овде играа Стив Неш и Амар’е Стадемаер таквиот систем ги носеше во плејофот, но со моменталниот ростер не. Нивни главни играчи се Горан Драгиќ и Марчин Гортат кои нивниот учинок ќе им биде пресуден вечерва.
Останати натпревари :
Линкови за следење можете да најдете овде !
0 comments:
Post a Comment