Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Повредата на Рондо е пораз за кошарката“

ЛеБрон Џејмс: “Повредата на Рондо е пораз за кошарката“

Written By Anonymous on 28.1.13 | 18:48


Како што е веќе познато најдобриот асистент на НБА лигата и член на Бостон Селтикс, Ражон Рондо тешко ги повреди лигаментите на левото колено и ќе мора да ја пропушти целата сезона. Во финишот на вчерашниот натпревар помеѓу Селтикс и Хит, Рондо стигна во Гарденот видно шокиран од информацијата за повредата и ги испрати своите соиграчи со голема победа на ривалот.

По натпреварот шокирани се и останатите играчи на двата тима, а сликата на која Рондо плаче на рамото на Риверс го стави светот во жалење. Во интервјуата после натпреварот двата тима не го криеја жалот и изразија добри и пофални зборови за Рондо. Меѓу нив, беше и големиот ривал на Рондо, ЛеБрон Џејмс.

ЛеБрон Џејмс:
“Страшни вести. Колку и да сум бил противник на Бостон и колку и да сакав да победувам низ сите овие години против нив, никогаш не сакав да слушнам вакви вести за повреда на нивниот клучен играч. Играч кој е толку талентиран. Навистина голема штета за Бостон како и за цела НБА лига. Повредата на Рондо е голем пораз за кошарката.“

Џеф Грин:
“Тој е нашиот лидер, ова навистина боли. Психолошки тешко е да се поднесе дека најдобриот играч ни се повреди тешко. Мораме во секоја следна ситуација да играме за него. Секој од нас мора да даде се повеќе, повеќе од својот максумим. Едноставно мораме да сме сложни и одлучни.“

Пол Пирс:
“Тешко е. После ваков натпревар чувствата ми се измешани. Од една страна сум среќен поради големата победа, но од друга како да се радувам на веста за повредата на Рондо. Тој е играчот кој го влече овој тим цела сезона, ние игравме како што ни велеше тој. Сега нема да е тука до крајот на сезоната. Ова е тешко за организацијата на Бостон.“

Кевин Гарнет:
“Сите во редовите на тимот на Селтикси се тажни поради овие вести. Тој е срцето и душата на овој тим, вистински лидер на теренот. Доживеавме голем удар и не знам како ќе се избориме со тимот.“

Коби Брајант:
“Морам да му посакам се најдобро на Рондо. Тој ми е еден од најдрагите играчи на светот, моите молитви се со тебе брате. Ако ти треба, тука сум...“

0 comments:

Post a Comment