Доцна синоќа, се случи последниот трејд в текот на оваа млада сезона. Мет Керол и Хаким Ворик си ги заменија своите позиции од Шарлот во Њу Орлеанс, и обратно.
Иако овој трејд нема да смени нешто, сепак им додава на двата тима искусни ветерани, кои што може да консолидираат кога е потребно.
Мет Керол во Бобкетс оваа сезона одигра само еден натпревар и вкупно 6 минути. Неговите најдобри денови во овој тим беа низ средината на изминатава деценија, па сега стигна да игра многу мали минути од клупата за овој тим.
Хаким Ворик одигра само еден натпревар за Хорнетс, откако изминатово лето беше трејдуван од Феникс во Њу Орлеанс, се со цел за да ги балансира платите и давачките за трејдот на Робин Лопез во Хорнетс. Иако Ворик е солиден играч до оваа точка од неговата кариера, тој неможеше да пронајде место во ростерот на Хорнетс.
0 comments:
Post a Comment