Кошаркарите на Мемфис се вратија на врвот на НБА лигата по поедата на домашен терен против Лос Анџелес со конечни 106-98.
На Гризлиз им припадна првата четвртина со 34:18 и успеаја да ја задржат предноста до крајот од натпреварот. Руди Геј постигна 21 поен, Мајк Конли 19 и Зек Рендолф 17, заедно со 12 скокови. Мемфис се први во Западната конференција со 9-2, а Лејкерси го забележија седмиот пораз сезонава. На Лејкерси не им помогнаа ниту 30те поени на Коби Брајант, а Хауард изигра лоша партија во која за 39 минути постигна само 7 поени и 4 скокови.Хјустон пред своите навивачи ги совлада Њу Јорк Никс со 131:103. Џејмс Харден постигна 33 поени и 9 асистенции, а Чендлер Парсонс му се приклучи со 31 поен - што му е рекорд во кариерата. Џереми Лин против својот поранешен клуб постигна 13 поени и 7 скока За Никси најефикасен беше Кармело Ентони со 37 поени.
Пол Пирс постигна 22 од своите 27 поени во второто полувреме со што Селтикси го избегнаа третиот пораз во низа. Кевин Гарнет постигна 18, Грин 17 поени, а Ражон Рондо им се приклучи со 16 асистенции. За домаќините најефикасни беа Кевин Дурант со 29 и Расел Вестбрук со 26 поени.
После 6 победи по ред, Клиперси сега загубија 2 натпревари во низа. Вчера беа поразени во Њу Јорк од Бруклин со 86-76. Гостите на полувреме отидоа со плус 7, но домаќините ја добија третата четвртина со 23:13, а најголемите ѕвезди на Клиперси Крис Пол и Блејк Грифин во третата четвртина не постигнаа ниту еден поен. Најефикасен кај Бруклин беше Брук Лопез со 26 поени.
На останатите натпревари:
Шарлот Бобкетс 91 - 101 Атланта Хокс
Орландо Меџик 108 - 104 Кливленд Кавалирс
Детроит Пистонс 91 - 90 Торонто Репторс
Индијана Пејсерс 97 - 104 Сан Антонио Спарс
Денвер Нагетс 102 - 91 Голден Стејт Вориорс
Јута Џез 104 - 102 Сакраменто Кингс
Феникс Санс 111 (продолжение) 108 Њу Орлеанс Хорнетс
Портланд Треил Блејзерс 103 - 95 Минесота Тимберволвс











Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment