
Целото лето напорно работел и играл натпревари со некои играчи од НБА, а од почетокот на сезоната продолжил со тренинзи за да биде во подобра форма и да се врати на паркетите. Финли имат 39 години и ако се врати ќе биде трет најстар активен играч, зад Курт Томас и Грент Хил.
По што се врати во Никси, Рашид Валас и неговото влијание во играта на Никси, и Финли посака да се врати на паркетот и да одигра уште некоја сезона. Прашањето е само колку со своите игри може да му помогне на еден тим, но сигурно со своето богато искуство може да биде ментор меѓу младите играчи и да влијае врз нив.
Во пензија отиде во 2010 година како член на Бостон Селтикси. По тоа се придружи на тренерскиот тим во Далас, кој е и ден денес во него. Мавси планираа да го ангажираат во текот на предсезоната, да одигра неколку предсезонски натпревари, но благата повреда го спречи во тоа. Сега се оправи и им порача на своите агенти да пробаат да му најдат тим кој би го сакал во своите редови.
Финли најдобриот дел од кариерата и најдобрата кошарка ја играше во Далас во годините помеѓу 1996 и 2004 година. Таму постигнуваше по 20,7 поени, 5,4 скока и 4,1 асистенциија по натпревар. Со својата игра успеа да настапи и два пати на Ол Стар натпреварите во 2000 и 2001 година, а прстенот го освои во 2007 година со Спарси. Во кариерата исто така има играно и за Санси.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment