Home » , » Миличич и официјално си замина од Селтикси

Миличич и официјално си замина од Селтикси

Written By Anonymous on 22.11.12 | 15:21


Бостон Селтикси и официјално го отпуштија српскиот кошаркар Дарко Миличич, кој имаше минимална минутажа во првите 10 натпревари оваа сезона.

Тренерот Док Риверс го потврди заминувањето на Миличич, на негово инсистирање, главно поради приватни проблеми. Миличич во текот на предсезоната во НБА одигра само 5 натпревари, а просечно постигнуваше  2.6 поени и 4.6 скока по натпревар.

Миличич ќе се врати во Србија, пред се поради болеста на својата мајка. Не е сеуште познато дали ќе побара нов тим во Европа и дали српските клубови ќе сакаат центар со 9 - годишен НБА стаж.

0 comments:

Post a Comment