Home » , » Кајри Ирвинг ќе отсуствува еден месец поради скршениот прст на раката

Кајри Ирвинг ќе отсуствува еден месец поради скршениот прст на раката

Written By Unknown on 20.11.12 | 16:39

Повредите го мачеа Кајри Ирвинг и во текот на минатата сезона. Почнаа и оваа сезона. Со повредата на показалецот на десната рака, Кајри Ирвинг ќе отуствува еден месец од терените. 

Операција на скршениот прст нема да биде потребна, но ќе му треба малку повеќе време на Ирвинг за да го врати својот прст во нормала. 

Повредата се случи во 3/4 од дуелот помеѓу Далас и Кливленд, кога тој налета на Дерен Колисон, кој веќе беше во воздух положувајќи ја топката. Ова е всушност "луда" повреда за Ирвинг, поради која ќе мора да пропушти забележливо време. Ова ќе биде дополнителен проблем и можеби ќе ги уништи плејоф надежите за Кавалирс, бидејќи и со Кајри Ивинг во полна форма тие неможеа да победат повеќе од 2 пати. Ова е веќе трета сезона по ред во која Ирвинг пропушта значително време, откако минатата сезона пропушти 15 натпревари во целост, а во неговата сениорска сезона во Дјук, тој ја пропушти скоро целата година.

0 comments:

Post a Comment