Home » , » Хауард не е воопшто загрижен доколку тој го изгубил пријателството со Дерон Вилијамс

Хауард не е воопшто загрижен доколку тој го изгубил пријателството со Дерон Вилијамс

Written By Unknown on 20.11.12 | 16:55

Со години и години наназад, Двајт Хауард и Дерон Вилијамс зборуваат за соединување во еден тим. Тие очигледно сфатија дека составање на тим со неколку суперѕвезди е единствениот начин за да се конкурира во оваа лига. 

И скоро да тоа соединување се случи. Вилијамс беше во Бруклин (поранешни Њу Џерси) Нетс, а Двајт Хауард пробуваше да исфорсира трејд од Орландо во Бруклин. Сепак, на челниците на Меџик не им се допаѓаше возвратот што го добиваа во Брук Лопез, па тој трејд падна во вода. Потоа Хауард во текот на сезоната и ја отфрли можноста дека би заминал се до крајот на 2012 годна, па тука и уште повеќе се згасна жарот за ова соединување. 

Веднаш штом од Нетси дознаа дека немаат шанси да го добијат Двајт, тие тргнаа во потрага по друг Ол-Стар играч и во своите редови го доведоа Џо Џонсон од Атланта Хокс, а притоа и го задржија Брук Лопез. 

Според извори, Дерон Вилијамс изјавил дека е изненаден и лут на Двајт поради тоа што тој ја отфрли можноста да замине од Орландо минатата сезона. Хауард пак, воопшто не се грижи што мисли Дерон. 

“Тоа е моја одлука. Ова е мој живот и ако тој (Дерон) е лут бидејќи јас ја направив најдобрата одлука за мене, тогаш нека биде. Доколку тој не сака да бидеме повеќе пријатели бидејќи јас сум со друг тим - а не со него, тогаш слободно нека биде така. Нема потреба за вакви работи моментално.“ - изјавил Двајт Хауард, како реакција на изјавата на Вилијамс.

Хауард и моментално има позиција за да не биде загрижен за вакви банални работи, бидејќи од ова трилер - лето за него, тој го извлече подебелиот крај. Двајт се смести во тим со суперѕвезди, кој што веднаш ќе биде претендент за титулата. Тука е и под светлото на медиумите, што е добра работа за него. 

Д-Вил пак, се наоѓа во тимот на Бруклин Нетс, кои играат одлична кошарка моментално и го имаат најдобриот старт во франшизата на тимот, со моментален рекорд од 6-2. Сепак, Бруклин не е тим во кој што многумина веруваат дека може да им се спротивстави на елитните тимови за да биде во конкуренција за титулата. Како и да е, Хауард е во подобра ситуација моментално.

0 comments:

Post a Comment