Home » , » Мајк Д’Антони: “Лејкерси се најдобриот тим во лигата !“

Мајк Д’Антони: “Лејкерси се најдобриот тим во лигата !“

Written By Anonymous on 22.11.12 | 13:16


Новиот тренер на Л.А Лејкерси, Мајк Д’Антони има големо верување во својата екипа која ја води. Искусниот тренер пред неколку дена стигна во Калифорнија на местото на Мајк Браун и набргу почна да дели комплименти.

“Мислам дека Лејкерси се најдобриот тим во лигата. Ние ги имаме најталентираните играчи во лигата.“ - започна Д’ Ентони.

Лејкерси не ја отворија сезоната баш најдобро и сметката ја плати Браун. “Езерџиите“ моментално се на 50% скор или 6-6.

“Нашите играчи играат за многу пари и морат да го заработат секој цент. Ќе се погрижам да биде навистина така.“ - заврши поранешниот тренер на Санс и Никс.

0 comments:

Post a Comment