Home » , » Оклахома подобра од Клиперси, порази на Лејкерси и Никси

Оклахома подобра од Клиперси, порази на Лејкерси и Никси

Written By Anonymous on 22.11.12 | 13:06


Богатата НБА програма синоќа ни понуди 14 маестрални натпревари. Со индивидуални учиноци се издвоија неколку играчи, но на почеток ке почнеме со учинокот на Рој Хиберт.

Индијана на домашен терен го совлада тимот од Њу Орлеанс со 115-107 по продолженијето, а првиот трипл-дабл во кариерата го запиша и центарот Рој Хиберт со 10 поени, 11 скока и дури 11 блока. По бројот на блокирани шутеви постави рекорд, а исто така рекорд во дадени тројки постави и Пол Џорџ кој даде 9. Пол Џорџ имаше и 37 поени, а најдобар за Хорнетс беше центарот Робин Лопез со 21 поен и 13 скока.

Дербито на Западот во “Chesapeake Energy Arenа-та“ го доби домашниот тим Оклахома Сити Тандер против Клиперс. Тандерси забележаа победа со 117-111 по продолженијето предводени од Дурант кој 17 од своите вкупни 35 поени ги даде во 4/4 и во продолжението.  Од линијата за слободни фрлања шутираше 19-21, а запиша и 6 скока, 5 асистенции и 5 украдени топки. Расел Вестбрук имаше 23 поени и 9 асистенции, додека Кевин Мартин имаше 20 поени. Клиперси беа предводени од Грифин со 23 поени, Џамал Крофорд даде 20 од клупата, а Мет Барнс имаше 19 поени и 9 скока.

Мајами Хит се намачи во својата “American Airlines“ Арена против Милвоки, но на крај славеја со 113-106. Двејн Вејд и ЛеБрон Џејмс имаа по 28 поени за акутелните прваци кој на полувреме имаа +18 поени предност. Крис Бош додаде 24 поени со 18 скока за Хит, додека кај гостите најдобар беше Брендон Џенингс со 19 поени. Шутерот Монта Елис имаше можност да им донесе победа на Бакси во регуларниот дел од натпреварот, но неговата тројка беше непрецизна.

Далас на свој паркет го совладаа Њу Јорк со 114-111 предводени од О.Џ Мејо и Винс Картер кој имаа по 27 поени, односно 25. Дарен Колисон додаде 19 поени со 7 асистенции, а Далас даде дури 65 поени во второто полувреме против најтврдата одбрана во лигата. Најефикасни кај Никси беа Кармело Ентони со 23 поени, додека Тајсон Чендлер и Рејмонд Фелтон забележаа дабл-дабл учиноци од 21 поени и 13 скока, односно 18 поени и 11 асистенции.

Сакраменто Кингси во својата “Sleep Train“ Арена ги совладаа Л.А Лејкерси со 113-97 и така и ставија крај на кризата од пет натпревари без победа. Ги предводеше Маркус Торнтон со 23 поени, додека Тајрики Еванс оствари 16 поени и 6 асистенции. Џејсон Томпсон имаше 13 поени и 10 скока. Коби Брајант беше незапирлив во поголемиот дел од средбата, даде 38 поени, но ја немаше помошта од соиграчите, па центрите Двајт Хауард и Пау Гасол комбинирано имаа 15 поени со шут од игра 5-14. Лејкерси сега се на рекорд од 6-6.

С.А Спарси славеја на гостувањето во “TD Garden“ со 112-100 и на Келтите им го нанесоја 6тиот пораз во 12 натпревар сезонава. Разиграните  Тони Паркер со 26 поени и Тим Данкан со 20 поени и 15 скока беа премногу за Селтикси, а треба да се каже дека Спари имаа шут од игра 58,4% што им е рекорд оваа сезона. Ражон Рондо ги држеше во игра Селтикси со 22 поени и 15 асистенци, но сепак Селтикси беа немоќни.

Денешни Резултати :

Шарлот Бобкетс 98-97 Торонто Рапторс


Орландо Меџик 90-74 Детроит Пистонс


Кливленд Кавалирс 92-83 Филаделфија Севенти Сиксерс 


Индијана Пејсерс 115-107 Њу Орлеанс Хорнетс


Бостон Селтикс 100-112 Сан Антонио Спарс


Атланта Хокс 101-100 Вашингтон Визардс


Мајами Хит 113-106 Милвоки Бакс


Оклахома Сити Тандер 117-111 Лос Анџелес Клиперс


Хјустон Рокетс 93-89 Чикаго Булс


Минесота Тимбервулвс 94-101 Денвер Нагетс


Далас Маверикс 114-111 Њу Јорк Никс


Феникс Санс 114-87 Портланд Траил Блејзерс


Сакраменто Кингс 113-97 Лос Анџелес Лејкерс


Голден Стејт Вориорс 102-93 Бруклин Нетс

0 comments:

Post a Comment