Home » , » Лејкерси му пратија официјална понуда на Фил Џексон

Лејкерси му пратија официјална понуда на Фил Џексон

Written By Anonymous on 10.11.12 | 17:07

phil-jackson-1

Според пишувањата на “Лос Анџелес Тајмс“, пензионираниот кошаркарски тренер Фил Џексон доби и официјална понуда да се врати на својата професија и да ги преземе Л.А Лејкерси.

Џексон (67) со Лејкерси ја освојуваше НБА титулата пет пати (2000-02, 2009-10), и кога ќе ги придодадеме оние 6 титули освоени со Мајкл Џордан и со Булси тоа го прави најуспешниот тренер во историјата на НБА лигата. Ако Џексон се врати во тимот на Лејкерси тоа ќе му биде трет мандат во кариерата на клубот.

Да потсетима дека во петокот Лејкерси го отпуштија Мајк Братун кој и покрај Двајт Хауард, Стив Неш, Пау Гасол и Коби Брајант успеа да победи само еден натпревар и имаше скор (+ припрмените натпревар) 1-12.

Тимот привремено е под раководство на Брејн Бикерстаф, а одговорот на Џексон може да се очекува за кратко време.

0 comments:

Post a Comment