Home » , » Ентони Дејвис се запиша во историјата на НБА лигата

Ентони Дејвис се запиша во историјата на НБА лигата

Written By Anonymous on 10.11.12 | 17:15


anthony-davis
Првиот избор на овогодинешниот драфт Ентони Дејвис многу добро ја започна својата НБА кариера и му беа потребни само три натпревари за да се запише со историјата на НБА лигата.

Вчера Хорнетси ги победија Бобкетси со 107:99 и во својот петти настап дојдоа до својата трета победа. Дејвис поради благиот потрес на мозокот ги пропушти предходните два натпревара али во последниот се врати на паркетот и го покажа својот талент.

За 36 поминати минути тој постигна 23 поени, 10 скокови, 5 блокади, 2 украдени топки и 2 асистенции. Со тоа стана првиот играч кој е помлад од 20 години ( тој има 19 години и 243 денови) кој забележал повеќе од 20 поени, 10 скокови и 5 блокади.

Дејвис ако продолжи со оваа игра се надеваме дека ќе ја освои наградата за најдобар руки играч на сезоната.

0 comments:

Post a Comment