Home » , » Бредли Бил вели дека Визардс ќе стигнат до плејофот

Бредли Бил вели дека Визардс ќе стигнат до плејофот

Written By Unknown on 26.11.12 | 21:40

Овогодинешната екипа на Вашингтон Визардс моментално го има најлошиот старт на една сезона во историјата на оваа франшиза. Тие сеуште немаат победа, а одиграа веќе 11 натпревари и во сите тие натпревари беа поразени. 

Покрај тоа, дебитантот и талентот на Визардс Бредли Бил, мисли дека Вашингтон може да стигне до плејоф настап оваа сезона. 

“Моментално имаме рекорд од 0-11, но имаме уште 71 натпревар во оваа сезона. Ова е долга сезона и мислам дека имаме шанси да се избориме за плејоф пласман. Тоа е нашата цел моментално и итаме кон неа со сите сили. Имам доверба во овој тим и верувам дека сме способни да се избориме за пласман во пост-сезоната.“ - изјави рукито на Визардс Бредли Бил, по поразот на Вашингтон од Шарлот по дури 2 продолженија.

Без разлика на било што, мора да ја почитувате самодовербата на ова младо момче. Теоретски, со 0-11 на почетокот на сезоната немаат никакви шанси, но Визардс имаат среќа што играат во источната конференција, каде што е Мајами Хит - па сите останати тимови. Во источната конференција ќе има многу плејоф места што ќе останат живи дури и до крајот на сезоната.

А и во право е Бил, има уште 71 натпревар до крајот за нив. Да не заборавиме дека на својот ростер Вашингтон го има и Џон Вол, од кого се очекува многу. Сепак, повредата го уназадува и му оневозможи да биде со својот тим на стартот на сезоната, но повторно, има време за кам-бек. Да се надеваме дека Визардс со помош на Вол, Нене и сите останати дебитанти и ветерани ќе се вратат од "мртвите" и дека повторно ќе бидат конкурентни во истокот. 

0 comments:

Post a Comment