Home » , » Луал Денг вели дека Џоаким Ноа е најдобриот центар во истокот

Луал Денг вели дека Џоаким Ноа е најдобриот центар во истокот

Written By Unknown on 26.11.12 | 21:55

Со заминувањето на Двајт Хауард, во источната конференција се отвара нова тема: Кој е најдобриот центар во истокот? Доколку на Ол-Стар гласањето би имале можност да изберете вистински центар, за кого би гласале ?

Ајде да го одвоиме од оваа група на центри Ендру Бајнам, затоа што може да се случи тој воопшто да не заигра за Сиксерс оваа сезона. Ајде да зборуваме за Ал Хорфорд, центарот на Атланта кој всушност не е класичен центар, но повеќето од својата кариера ја помина под кошевите. Ако сакате класичен центар, ете го Рој Хиберт, кој според мене разочара многумина со неговиот лош старт со Индијана. Тајсон Чендлер? Брук Лопез, Крис Бош???

Луал Денг не спомена ниту еден од овие погоре. Тој вели дека неговиот соиграч од Чикаго Џоаким Ноа е најдобриот центар кој ја претставува источната конференција. 

“Секако дека да!“ - одговори сигурно Луал Денг, кога беше запрашан за тоа дали Џоаким Ноа е најдобриот центар на истокот. Дури и Ноа, зборувајќи за себе делуваше подипломатски.

“Јас сум најдобриот центар? Јас сум најдобриот центар??? Незнам човеку, вие мене кажете ми...“ - одговори Ноа, кога беше запрашан за тоа дали е најдобриот центар во пост - Хауард ерата во источната конференција. 

Ноа постигнува најмногу во кариерата 14 поени по натпревари и шутира скоро 3 пати повеќе кога Дерик Роуз не е со него во ротацијата. Неговата реазлиација на шутевите од поле е скоро еднаква како и во неговата руки сезона - 48.8 %. Сепак, процентот на скокови кои што ги фаќа Ноа во Булс е намален, а исто така зголемени се и бројките на изгубени топки кога топката е во неговите раце. Всушност, Ноа е запрашан да прави многу повеќе од што тој очекува на теренот, особено со отсуството на Дерик Роуз, а Ноа покажа дека е способен за такво нешто на максимално ниво. 

0 comments:

Post a Comment