Home » , » Кајл Лаури го напушта натпреварот со Тандер откако го повреди зглобот

Кајл Лаури го напушта натпреварот со Тандер откако го повреди зглобот

Written By Unknown on 7.11.12 | 16:56

Поразот на Торонто Репторс од Оклахома Сити од 88-108 синоќа не претставува проблем за ниту еден член на организацијата во Торонто. Проблемот од синоќа е повредата на Кајл Лаури, откако новиот лидер на Репторс го свитка својот зглобот на ногата. 

Кајл Лаури ја стартуваше сезоната на високо ниво и е единствената причина зошто овој тим на Репторс е во конкуренција за некакви цели оваа сезона.

Сеуште немаме никакви информации за сериозноста на повредата, но според изгледот на лицето на Лаури, оваа повреда ќе биде повеќе од ден-за-ден. 

Да расчистиме една работа - Хосе Калдерон е солиден плејмејкер, но без Кајл Лаури шансите за Торонто да влезе во плејофот оваа сезона пропаѓаат ако тој е надвор од терените за подолго време. Останува да видиме за каква повреда станува збор, па да предвидуваме за иднината на Репторс.

0 comments:

Post a Comment