Home » , » Крис Пол му рекол на Бајрон Скот да го стави Ирвинг на него во одбрана

Крис Пол му рекол на Бајрон Скот да го стави Ирвинг на него во одбрана

Written By Unknown on 7.11.12 | 17:14

Кливленд забележа супериорна победа над ЛА Клиперс на гости пред 2 дена, а Кајри Ирвинг беше сосема солиден на тој натпревар - 24 поени и 10 асистенции, а постигна и една клучна тројка на крајот на натпреварот, со што ја одлепи предноста на својот тим.

Иако одигра одличен севкупен натпревар, Крис Пол сакаше нешто повеќе од младиот противник. Пол сакаше да ја види одбраната на Кајри Ирвинг, во директна пресметка меѓу овие двајца.

Тренерот на Кливленд, Бајрон Скот често на противничкиот најдобар бек во одбрана го става Алонзо Џи, а истиот случај беше и во овој натпревар против Клиперс. 

Имено, во еден дел од натпреварот во понеделникот, Крис Пол му пришол на Скот и му рекол да го "тргне" Алонзо Џи од него дефанзивно и да го стави Кајри Ирвинг на негово место.

“Зошто го ставаш него да ме варди? Пушти го младиот нека ме варди.“ - Крис Пол му рекол на Бајрон Скот. 

Но, не треба да се заборавиме и фактот дека ваквите пријателски разговори помеѓу Крис Пол и Бајрон Скот се неминовни, со оглед на фактот дека Скот му беше и тренер на Крис Пол, во неговите млади години во оваа лига. 

Крис Пол заврши со 17 поени и 9 асистенции за Клиперс во тој натпревар и тој не беше причината зошто Клиперс всушност изгубија. Но, Кајри Ирвинг беше причината зошто Кавалирс победија.

0 comments:

Post a Comment