Home » , » Заискри помеѓу Селтикси и Нетси, прва победа на Визардси

Заискри помеѓу Селтикси и Нетси, прва победа на Визардси

Written By Anonymous on 29.11.12 | 12:41

Тепачката помеѓу кошаркарите на Бостон и Бруклин ја обележа богатата вечер во НБА лигата, а покрај тоа исто така Џејмс Харден се врати во “својот“ град, Оклахома Сити.

Жестокиот фаул од Хамфирс над Гарнет не остана без реакција, па првиот играч во близина, Ражон Рондо, влезе во судир и во разочарување. Рондо и Хамфрис почна, а продолжија и играчите кој беа на паркетот и почна туркањето. Првични тепачки немаше, макар што Валас со своите раце го оттурна Гарнет. Нетси славеа на крајот со 83-95.

По тепачката следеа одлуките на судиите по што ги исклучија Рондо, Хамфрис и Валас. Сето ова се случи на крајот на 2/4 кога гостите имаа некои +15. Исклучувањата не влијаеја на конечниот резултат, Нетси ја одржаа предноста со 18те поени и 6те скока на Џо Џонсон.

Иначе, исклучувањето кое го заработи Рондо го оневозможи во неговата потера по Меџик Џонсон, легендата на Л.А Лејкерс. Во текот на 1983та година Меџик оствари страшна низа од 46 натпревари со 10+ асистенции. Рондо во оваа прилика застана на 37 натпревари, и изедначен е со Џон Стоктон.

Џејмс Харден се врати во Оклахома Сити и притоа со некои имаше добра средба, а со некои не ни се виде. Харден неочекувано замина во Хјустон пред почетокот на сезоната и притоа беше доста гневен кон својот некогашен тим. Со оглед на тоа дека тимот од Оклахома победи со 120-98, Харден прилично беше импресиониран или индиспириран. Имаше ужасен шут од 3/16. Дури 7 пати беше блокиран, а 9 од своите 17 поени ги даде од линијата за слободни.

Кевин Дурант (37 поени, 7 скока и 4 асистенции) и Серж Ибака (23 поени, 9 скока и 6 блока) го разбија Хјустон во уверливата победа на Оклахома.

Продолжени се победничките серии на Сан Антонио, Њу Јорк и Мемфис. Сан Антонио славеше кај Орландо 110-89 со одличната игра на Ману Џинобили каде даде 20 поени. Влезе Аргентинецот како и обично кон крајот на 1/4, и во последните 5 напади за Спарси даде - 4 тројки ! Вкупно ги гаѓаше 6/9, а првата негова серија резултираше со +10 за Спарси.

Њу Јорк исто така лесно помина кај Милвоки (102-88) со нова одлична партија на Кармело Ентони со 29 поени и 8 скока. Уште еден натпревар играчите на Никси гаѓаа за три над 50% (11 од 21), предводени од Стив Новак кој даде 5.

Мемфис немаше проблеми дома со Торонто (103-82), а пред играчи на Мемфис имаа +10 поени. Најдобар беше Зек Рендолф со 17 поени, 13 скока и 6 асистенции.

Секако треба да се напомене дека славеше и Вашигнтон, како последни во лигата. 13тиот натпревар по ред за Визардси беше среќен, по што го добија Портланд со 84-82 и така го добија првиот натпревар сезонава.

Денешни резултати :

Вашингтон Визардс 84-82 Портланд Траил Блејзерс
Орландо Меџик 89-110 С.А Спарс
Бостон Селтикс 83-95 Бруклин Нетс
Атланта Хокс 94-91 Шарлот Бобкетс
Детроит Пистонс 117-77 Феникс Санс
Чикаго Булс 101-78 Далас Маверикс
Милвоки Бакс 88-102 Њу Јорк Никс
Мемфис Гризлис 103-82 Торонто Репторс
Њу Орлеанс Хорнетс 84-96 Јута Џез
Оклахома Сити Тандер 120-98 Хјустон Рокетс
Л.А Клиперс 101-95 Минесота Тимбервулвс

0 comments:

Post a Comment