Home » , , » Крис Бош воопшто не е загржиен за тоа што мислат критичарите за неговата игра

Крис Бош воопшто не е загржиен за тоа што мислат критичарите за неговата игра

Written By Unknown on 30.11.12 | 14:46

Крис Бош воопшто не се грижи за бројките што вие мислите дека треба да ги остварува.

Пред минатата сезона, Бош предвиде дека ќе собира по 10 топки по натпревар, но остана само на 7.9 скокви по натпревар. Мајами Хит ја освои НБА титулата. Бош вели дека би ги заменил скоковите за титулата во секое време.

Така да, оваа сезона тој не е загрижен за неговите просеци. Единствена грижа за него е бројот на победи за неговиот тим. Ова го изјави самиот Бош за „Fox Sports Florida“.

“ДА!“ - кажа Бош за отфрлување на неговата стара навика. “Сите пишуваат: 'Oх Крис Бош изјави дека ќе го направи ова, дека ќе го направи она.' Една година во Торонто кажав дека би сакал да постигнувам по толку и толку поени на натпревар и сите имаа напишано за тоа. Сега повеќе би се концентрирал на играта и би ги оставил бројките на страна, па ако се случи се случи."

А за остварувањето на 10 скока по натпревар изјави:

"Кога ме имате мене, Јуданис Хаслем, Двејн Вејд и Леброн Џејмс на теренот, не само што треба да се натпреварувате со противниците, туку треба да се натпреварувате и со своите соиграчи. Тоа натпреварување малку ги намалува бројките по човек."

Во реалноста, Бош ја игра својата најдобра скокачка сезона - неговата најдобра сезона општо - откако се приклучи на Мајами Хит. Тој во просек има по 8.2 скока, што е скоро исто со неговите просеци пред да дојде во Мајами, но тој собира по 14.6 проценти од сите можни скокови додека е на теренот што е сосема мал скок во однос на 13.5 проценти што ги остваруваше минатата сезона. Тој шутира со 56.1 % (8 проценти повеќе од лани) од поле и изгледа дека е покомотен на позицијата 5 отколку што беше на 4.

Тој ја знае својата улога сега, дефинирана е и тој ја исполнува! Според многумина, па и според Ерик Сполстра и ЛеБрон Џејмс, Крис Бош е најважниот играч во овој состав на Мајами Хит.

0 comments:

Post a Comment