Home » , » ‎(Не) Пријатни изненадувања во досегашниот дел од сезоната - шутери

‎(Не) Пријатни изненадувања во досегашниот дел од сезоната - шутери

Written By Anonymous on 30.11.12 | 11:53


Продолжуваме со прегледот на играчите кои со своите добри игри ги заслужија сите пофалби но има и такви кои заслужија да се споменат во негативен контекст. Вчера го објавивме прегледот од плејмејкерите, а денеска е ред на играчите кои играат на позицијата бек шутер.

Коби Брајант е најдобар бек-шутер во лигата, а Двејн Вејд му е прв пратилец. Приватната борба на овие два играчи трае веќе неколку години и прашање е дали некој од следниве играчи може да ги загрози :

Џејмс Харден ( Хјустон Рокетс)

Фантастичниот Харден продолжи со одличните партии и од заминувањето од Оклахома.
Од најдобар шести играч во лигата стана главна ѕвезда на екипа која се наоѓа во реконстуцкија на ростерот и за сега одлично се снаоѓа во таа улога. Со 25,2 поени просек го дели четвртото место за најдобар стрелец во лигата, добро го разигрува нападот и ги зема клучните шутеви и веднаш е зад Хауард по бројот на изведени слободни фрлања. Добиот шут, кошаркарската интелегенција и моќен прв чекор за обележување на неговата игра.

О.Џ.Мејо (Далас Маверикс)

Играч кој максимално го искористува не играњето на Дрик, покажува дека ја заслушува улогата на стартер и има одличен шутерски почеток на сезоната. Моментало се наоѓа на деветото место во МВП трката, и игра добри натпревари кои би можеле да го одведат на Ол-старот. Се наоѓа близу до врвот во сегментот за погодени тројки (6.место) и се чини дека заминувањето од Мемфис Гризлис беше вистинска работа за него.

Џамал Крофорд (Лос Анџелес Клиперс)

Играч кој би можеле да го ставиме и меѓу плејмејкерите, но затоа што поголем дел од натпреварите ги одигрува во пар со Крис Пол и првобитна задача му е да погодува ќе го ставиме на оваа позиција. Еден е од главните кандидати за шестиот играч во лигата, одличен шутер кој во Клиперси ја пронајде својата изгубена форма. Истакнува дека работел многу напорно на подобрување на својата игра и засега резултатите се видливи, тој сега е една од главните алки во системот на Вини Дел Негро.

Џ.Р. Смит (Њу Јорк Никс)

Највеќе минути поминати на теренот, најмногу асистенции и најдобрар процент на шут за три поени дури 50%, карактеристични бројки за Смит на почетокот на сезоната. Еден е од главните причинители за одличниот старт на Никси, одлучи да го продолжи и изгледа во тоа не погреши .Таленотот кај Смит никогаш не дојде во прашање, но вакви добри партии прикажува за прв пат во кариерата.Ќе продолжи ли вака или ќе им се врати на старите навики останува да видиме.

Џ.Џ Редик ( Орландо Меџик)

Многу играчи на Орландо профитираа од заминувањето на Хауард, а Редик е сигурно еден од нив. Со заминувањето на Хауард нема веќе толку отворени шутеви, но тоа неможе да се заклучи по неговите статистики.Доби значајна улога кај новиот тренер, а тој сега и многу асистира и дава поени највеќе до сега во кариерата. Тој е еден од оние кои само треба да добие поголема шанса и веднаш да стане миленик на публиката.

Тоа се позитивните примери кои треба да се споменат некои негативни, односно играчите кои би требале да прушаат многу подобри партии од онаа што го прикажаа до сега.

Лендри Филдс (Торонто Репторс)

Одигра само пет натпревари и пред да се повреди одигра мечеви кои беа доволни да го изгуби стартното место во тимот. Беше лош во секој сегмет од играта. Партиите кои ќе ги дава по враќането, тешко дека можат да бидат полоши.

Џејсон Тери (Бостон Селтикс)

За сега неуспешно го надоплнува недостокот на Реј Ален. Играч од кој Бостон очекува многу повеќе а засега дава само просечни партии. Ако продожи вака да игра би можел да го изгуби стартното место од Ејври Бредли кога ќе се врати.

0 comments:

Post a Comment