Home » , » ЛА Лејкерс го отпуштија Мајк Браун

ЛА Лејкерс го отпуштија Мајк Браун

Written By Unknown on 9.11.12 | 19:36

Лос Анџелес Лејкерс го отпуштија нивниот тренер Мајк Браун, а прв извор на оваа информација е Сем Емик од „USA Today“ (кој всушност ја добил информацијата на агентите на Браун).

Лејкерс ја започнаа сезоната катастрофално, победувајќи само еднаш во првите 5 натпревари, со рекорд од 1-4. Столчето на Браун беше се пожешко и пожешко и овој момент се чекаше. Се ширеа гласини дека Мајк Браун неможе да му помогне на овој тим за да повторно се преобрази и тоа логично водеше до ваква одлука на тимот.

Иронично е што само 48 часа пред ова, сопственикот на Лејкерс Џими Бас даде изјава дека верува во Мајк Браун. Дали Бас лажеше пред јавноста или не, останува да дознаеме кога и оваа одлука ќе се официјализира во јавноста.

0 comments:

Post a Comment