Home » , » Нова бурна НБА ноќ со 13 натпревари на програмата

Нова бурна НБА ноќ со 13 натпревари на програмата

Written By Unknown on 9.11.12 | 20:11

Влегуваме по уште една ноќ со максимални 13 натпревари на програмата, а вниманието ќе го свртиме кон дуелот помеѓу Никс и Маверикс, каде што Џејсон Кид ќе му се спротивстави на својот поранешен тим.


 Далас Маверикс 01:30 Њу Јорк Никс
Њу Јорк Никс ја започнаа сезоната фантастично - имаат рекорд од 3-0 и играат побединчка кошарка. На домашен терен, во Медисон Сквер Гарден вечерва ќе се сретнат со Далас Маверикс, а новиот член на Њу Јорк Никс - Џејсон Кид, ќе ги пречека своите довчерашни соиграчи во "Големото Јаболко".
Како што Никси имаат 3 победи во низа од почетокот на сезоната, Далас Маверикс не игра ништо полошо. Тие исто така се одлични и имаат 4 победи и само 1 пораз во новата сезона. Иако играат без нивната главна ѕвезда Дирк Новицки, останатите играчи на Маверикс како О.Џ. Мејо, Дерон Колисон и Крис Кејмен, навистина играат на високо ниво и му помагаат на тренерот Рик Карлајк да конструира побединичка кошарка. 
Очекуваме интересна битка на теренот, особено затоа што ова е дуел помеѓу двете најдобри екипи во источнтата и западната конференција. Њу Јорк Никс најверојатно ќе го добијат Маркус Кемби за прв пат во ротацијата на Вудсон, а Кемби ќе биде од големо дефанзивно значење за овој и така добар - дефанзивен тим на Никси.


Филаделфија СевентиСиксерс 01:30 Бостон Селтикс
Ова е првата ривласка битка помеѓу Сиксерс и Селтикс оваа сезона, а ривалството се повеќе се зажештува со новата конкуренција во Атлантик дивизијата. Овој дуел е и реприза на втората рунда од минатосезонскиот плејоф, каде што се играа 7 сериски натпревари помеѓу Сиксерс и Селтикс. Секако, ситуацијата во двата тима е многу променета од последниот пат кога овие две екипи се сретнаа, но време е и за новите лица да се запознаат со жештината на ова ривалство.
И двете екипи имаат рекорд од 2-2 и се влегуваат во својата посакувана игра. Селтикс се вратија од старт 0-2 и го израмнија рекордот на 2-2 со двете последователни победи над Вашингтон Визардс. Тимот почнува да се пронаоѓа себеси и може да се каже дека Селтикси играат импресивна кошарка моментално.
Филаделфија исто така излегува од победа над Њу Орлеанс Хорнетс на гости, откако претходно ги скротија двете последователни порази. Сеуште е рано во сезоната за да видиме како овој тим на Филаделфија ќе профункционира без Ендру Бајнам во стартната петорка, но неможе да се каже дека играат добро, особено под кошевите. Со оглед на фактот дека Бајнам нема да игра ниту вечерва (ниту на уште многу натпревари на почетокот на сезонава), Сиксерс ќе имаат големи проблеми со справувањето со Кевин Гарнет во рекетот. Останува да видиме што ќе смисли Даг Колинс за да проба да ја умртви играта на Селтикс во нискиот пост.

Останатите натпревари:

Милвоки Бакс 01:00 Вашингтон Визардс
Бруклин Нетс 01:00 Орландо Меџик
Мајами Хит 01:30 Атланта Хокс
Хјусток Рокетс 02:00 Мемфис Гризлис
Шарлот Бобкетс 02:00 Њу Орлеанс Хорнетс
Детроит Пистонс 02:00 Оклахома Сити Тандер
Индијана Пејсерс 02:00 Минесота Тимберволвс
Кливленд Кавалирс 03:00 Феникс Санс
Сан Антонио Спарс 04:00 Сакраменто Кингс
Јута Џез 04:30 Денвер Нагетс
Голден Стејт Вориорс 04:30 ЛА Лејкерс

0 comments:

Post a Comment