
Челниците на Тандер му понудија 54 милиони долари за 4 години, што беше последната понуда од Оклахома за Харден. Имаше две опции да ја прифати оваа понуда на Тандер или да биде разменет во Рокетс, што потоа и се случи. Ја прифати понудата на Хјустон која ќе му донесе 80 милиони долари за 5 години.
“По се што поминавме - ми давате само еден саат време ?“ - вака го изјаснува незадоволството Харден на новинарите на “Yahoo!Sports“. “Тоа беше една од најголемите одлуки во мојот живот. Сакав да одам дома и да размислам. Морам да признаам дека многу болеше.“
Секако одма се поставуваше прашањето дали неговата одлука е точна. Харден рече дека ни самиот не знае, т.е дека имал само малку време да размисли, а и дека можеби ќе ја прифател понудата на Тандер. Но, тоа се е зад нас, Харден е нов играч на Рокетси и нема потреба да се враќаме во минатото.
Харден во Хјустон почна фантастично и по 3 натпревари има просек од 35.3 поени, 6.3 скока и 6.3 асистенции. Во Оклахома имаше улога на 6ти човек, а секогаш беше на паркетот во завршницата на дуелите. Сепак на паркетот со Дурант и Вестбрук беше 3 опција, додека сега ќе може да го покаже својот талент. Во Хјустон има улога на лидер и така ќе се огласува бидејќи Хјустон е и “негов“ тим.
“Мојата игра е разновидна. Во средно школо и на факултет бев прв играч во своите екипи, бев лидер. Во Оклахома имав поповлечена улога, на што се согласив бидејќи знаев дека тимот е талентиран и добар. Имаше натпревари кога давав поени, кога асистирав, што и да побараа од мене тоа го правев. Сега се враќам на улогата лидер, оној од кој се очекува да дава поени. И во таа улога ќе бидам добар.“ - се изјасни Харден.
0 comments:
Post a Comment