
Вечерва Далас Маверикс ги дочекуваат Рапторси и Винс поразговара со локалните медиуми за своите денови во Торонто.
“Кога дојдов, никој не зборуваше овде за мене.“ - се присеќа Винсенити.“Морав прво да се докажам. Таму поминав 6 фантастични години. Ја освоив наградата за руки играч, најдобар забивач, првиот натпревар од плејофот, првата плејоф серија, многу спомени, на кој се сеќавам.“
Во текот на 2004/05 Картер е трејдуван во Њу Џерси Нетс, каде остана 4 години, а потоа играше и за Орландо, Феникс, и сега за Далас. Со полни 36 години е на крајот на својата кариера и не би имал ништо против ако се врати, таму каде што започна.
“Ако ми се прикаже прилика со задоволство би се вратил. Навистина повторно би сакал да играм за Рапторси.“ - заклучува Картер кој е моментално 31 најдобар стрелец на сите времиња и 7 најдобар стрелец од активните играчи.
0 comments:
Post a Comment