Home » , » Дамјан Лилард е следната PG ѕвезда во НБА

Дамјан Лилард е следната PG ѕвезда во НБА

Written By Anonymous on 11.11.12 | 14:11


Според многумина Крис Пол е најдобриот плеј во НБА, ако не најдобар тогаш сигурно меѓу најдобрите тројца, и затоа кога токму тој ќе ве пофали за вашиот стил на игра а вие сте руки тогаш зборовите сигурно значат нешто. А токму тоа го стори Пол пред некој ден кога јавно го пофали Лилард од Портланд, откако Клиперси ги совладаа Блејзерси со 103-90. 

Лилард беше драфтуван од Портланд како 6-ти пик на овогодинешниот драфт, а засега има просеци од 18.6 поени, 7.2 асистенции, 3.4 скокови и 1.2 украдени топки по натпревар. Иако беше надигран од Крис Пол во меѓусебниот дуел, сепак според она што го прикажа Лилард во досегашниот дел од сезоната се наметннува како главен фаворит за Руки на Годината.

Лилард е извонреден шутер како од поле така и од линијата за 3 поени, а воедно е и добар организатор на игра и многу успешно ја шири играта. Она што изненадува е тоа што засега во НБА покажува исклучителни квалитети во додавањето и има висок просек од 7.2 асистенции по натпревар, нешто што не било случај за време на неговата колеџ кариера кога имал просек од 4.2 асистенции.

Фактот дека е извонреден шутер и тоа што противничките играчи му обрнуваат повеќе внимание и го удвојуваат, му отвара можност да ги разигрува своите соиграчи кои имаат отворени шутеви кои доста често ги реализираатза што зборува и бројот на асистенции на Лилард.

Иако многумина го споредуваат со Дерик Роуз, сепак стилот на игра како и физичката конституција укажуваат на тоа дека Лилард е новиот Крис Пол, барем во најмала рака го има квалитетот да прерасне во таков играч.

Доколку продолжи да напредува со брзо темпо, може да се очекува да биде носител на играта во Портланд и лидер на франшизата, и заедно со Олдриџ и Батум да бидат вистински кандидати за висок пласман.

По природа е вистински шутер, но со она што го покажува на полето на асистенции може да се очекува уште наредната сезона да има дабл-дабл учинок од поени и асистенции, што заедно со одличните статистики на Олдриџ и Батум, може само да им користи на Блејзерси.

0 comments:

Post a Comment