Home » , » Мајк ДиАнтони ангажиран за нов тренер на ЛА Лејкерс

Мајк ДиАнтони ангажиран за нов тренер на ЛА Лејкерс

Written By Unknown on 12.11.12 | 16:19

Веќе е и официјално. И луѓе, не е Фил Џексон. Мајк ДиАнтони е новиот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, кој доаѓа во Калифорнија откако Мајк Браун ја изгуби работата на главен тренер на Лејкерс пред неколку дена.

На оваа тема се одлучи доцна синоќа, а помина само еден ден откако Лејкерс имаа состанок со нивниот поранешен тренер Фил Џексон. 

Мајк ДиАнтони ќе потпише договор за 4 години, а поради операција на коленото, се чека само денот кога ќе одлета од Њу Јорк до Лос Анџелес и официјално да го потпише овој договор. Точно време за тоа кога тој ќе стапи на клупата на Лејкерс сеуште не е познато. 

Со привремениот тренер Берни Бикерстеф, Лејкерс победуваат 2 пати по ред на домашен терен, а следниот натпревар за нив е против Сан Антонио Спарс во вторник. 

0 comments:

Post a Comment