Home » , » Лигата ги казнува Спарс со $250.00 долари

Лигата ги казнува Спарс со $250.00 долари

Written By Unknown on 1.12.12 | 12:30

НБА лигата, поточно комесарот Дејвид Штерн поднесува парична казна од $250.000 долари, поради тоа што тренерот Грег Поповиќ ги одмараше своите 3 ѕвезди (Данкан, Паркер и Џинобили) на натпреварот против Мајами Хит, кој беше пренесуван на националната американска телевизија „TNT“.

Еве што вели Штерн:

“Резултатите во овој случај беа тотално контролирани од фактите. Сан Антонио Спарс се реши да ги одмара 4 од петте нивни најдобри играчи за натпреварот против Мајами Хит, што е единствена меѓусебна пресметка на овие два тима на домашниот терен на Мајами оваа сезона. Тимот исто така го направи ова без да ги информира ниту Мајами Хит, ниту медиумите, ниту официјалните лица на НБА лигата во одредено време. Под овие услови, заслужив дека Сан Антонио Спарс заслужија да бидат парично казнети.“

За некого оваа одлука е сосема неразумна, за некого одлуката е сосема на место, но како и да е, Спарси ќе мора да ја исплатат казната. 

Откако ова веќе се случи, забележете колку само отсуства на играчите ќе бидат оправдувани со "повреди", со цел да лигата повторно не им изрече казна.


0 comments:

Post a Comment