Home » , » Амаре Стадемаер ќе се врати на паркетот до 25ти декември

Амаре Стадемаер ќе се врати на паркетот до 25ти декември

Written By Anonymous on 1.12.12 | 16:42


Крилниот центар на Њујорк Никс, Амаре Стадемаер сака да се врати на теренот пред католичкиот Божиќ, односно пред 25ти декември.

Целта на  кошаркарот е да се врати на паркетот за три седмици. Имено, некој роднина од Амаре Стадемаер пренел информација дека овој кошаркар тренира со полна пареа, што му е прв пат после 1ви ноември и неговата операција.

Првично е очекувано кошаркарот да заздравува од шест до осум седмици, а според лекарите заздравувањето оди според планот. Доколку Амаре Стадемаер се врати пред 25ти декември, можно е на теренот да се најде во натпреварот со Лос Анџелес Лејкерс кој е на програма за католички Божиќ.

Амаре Стадемаер претходната сезона имаше просек од 17.5 поени и 7.8 скокови по натпревар.

0 comments:

Post a Comment