Home » , » Двејн Вејд суспендиран еден натпревар, Двајт Хауард 35.000 долари

Двејн Вејд суспендиран еден натпревар, Двајт Хауард 35.000 долари

Written By Unknown on 28.12.12 | 18:53

Двејн Вејд беше суспендиран на неиграње еден натпревар, откако во средата на натпреварот против Бобкетс намерно го удри на Рамон Сешнс во машката приватност.

Лигата сепак беше милосрдна и не го казни Вејд парично. Отсуството од еден натпревар ќе значи дека Вејд ќе го пропушти натпреварот на гости кај Детроит Пистонс.

Ако имате некои несредени чувства за фаулот и казната против Вејд, погледнете го ова видео:


Исто така, НБА лигата го казни и Двајт Хауард со парична казна од 35.000 долари, поради намерниот фаул од втор степен над играчот на Денвер Нагетс, Кенет Фарид. 

Во натпреварот на Лејкерс против Нагетс во средата, Фарид влезе во рекетот каде што налета на Двајт Хауард, кој скокна директно во него и го симна на земја на агресивен начин. Хауард исто така беше исклучен на истиот натпревар поради неспортскиот потег, па Лејкерс без неговата одбрана неможеа да издржат против жешките Нагетси во во последната четвртина. 

0 comments:

Post a Comment