Home » , » Дерон Вилијамс изненаден за отпуштањето на Ејвери Џонсон од Нетс

Дерон Вилијамс изненаден за отпуштањето на Ејвери Џонсон од Нетс

Written By Unknown on 28.12.12 | 19:18

Дерон Вилијамс го пропушти натпреварот на Нетс во средата против Милвоки Бакс поради повреда на зглобот од дланката, повреда која што го мачи цела сезона и сепак игра покрај таа повреда.

Точно пред тој натпревар, Д-Вил го изрази своето незадолство околу офанзивата која што тој ја води во Бруклин и го потенцира стилот на напад што го диктираше Џери Слоун во времето во Јута како подобар офанзивен систем. Прочитајте малку низ редови тука.

Откако Ејвери Џонсон беше отпуштен како главен тренер на Бруклин, Дерон Вилијамс веднаш беше интервјуиран од „Daily News“, каде што зборуваше околу отказот на Џонсон и како Нетси ќе функционираат во иднина. 

“Изненаден сум, искрено. Никогаш не сум зборувал со Били Кинг (ГМ на Нетс) за Ејвери и тоа како јас евентуално не го сакам како тренер во Бруклин. Ејвери беше главната причина зошто јас повторно потпишав со овој тим. Тој и Били Кинг.“ - изјавил Вилијамс.

“Никогаш не сме имале караница, несогласување, вербален контакт или слично. Мислам дека повторно сите ќе зборуваат и ќе го споредуваат овој отказ со оној на Слоун во Јута, за кој сите мислат дека јас бев главната причина. “ - изјавил Вилијамс за „Daily News“.

Вилијамс е во право. Минатото лето беше слободен играч и го одбра овој тим на Бруклин Нетс, покрај тоа што имаше многу сериозни понуди од другите тимови во лигата. Но со оглед на тоа како игра Вилијамс како индивидуалец и како играат Нетси како тим оваа сезона, челниците на Нетс знаеја нешто повеќе и одлучија дека Ејвери Џонсон повеќе нема да биде тренер на овој тим.

Исто така и Ејвери Џонсон го даде своето мислење за „Daily News“:

“Во текот на сезоната многу работи ќе се сменат, а ова беше само лош дел од една многу долга сезона. Јас мислам дека можевме да поминеме низ овој лош дел, само ни требаше уште малку време. Но, менаџерството на тимот добива и многу совети од играчите. Можеби и играчите беа незадоволни со тоа како играме. Најверојатно сите одлучиле дека било време за промена, а јас сум жртвата на таа промена.“

0 comments:

Post a Comment