Резултати од 6 коло
Written By Unknown on 2.12.12 | 10:22
Вчера се одиграа три наптревари од првата македонска кошаркарска лига каде што Фени во гости ги совлада Вардар со конечни 64 - 78 и успеа да се зарджи на првото место на табелата. Натпреварот се одигра во 18:00 часот во салата на Вардар. Најефикасни за победничкиот тим беа Бојан Трајковски со дабл - дабл учинок каде што постигна 18 поени и 12 скокови, Братиќ со 16 и Соколов со 12. За црвено - црните најефикасни беа Драган Керкез исто така со дабл - дабл учинок 14 поени и 17 скокови и Лефковски со 13 поени.
Во вториот наптревар од 6 коло кошаркарите на Струмица го совладаа Работнички со 101-96 во неизвесен меч во кој и двете екипи многу поголемо внимание посветија на играта во нападот. Токму оттаму и речиси двеста постигнати поени за 40 минути игра, а триумфот на крајот им припадна на струмичани. Најефикасни за тимот од Струмица беа Евтим Богоев со 22 поени и 8 асистенции, Јанушевиќ со 21 поен, и Гоцевски со 16. За тимот од Градски Парк најефикасни беа Јелесиевиќ со 27 поени и 9 скокови, Синиша Аврамовски со 17 поени и Зивчевиќ со 16 поени и 7 асистенции.
Кожув успеа да ја совлада Лирија на домашен терен со 74 - 67, каде што водеа во поголемиот тек од дуелот. Најефикасни за тимот од Гевгелија беа Димитар Караџовски со 16 поени, Пековиќ со 14 и новото засилување на Кожув, Мијајловиќ со 13 поени. За тимот од Сарај најефикасни беа Радуновиќ со 22 поени и Диме Тасковски со 9.
Денес се игра последниот наптревар од 6 коло каде што во 18:00 часот Пелистер Спорт ќе го пречека Куманово.
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment