Home » , » Вашингтон Визардс одбиле трејд за Џејмс Харден пред почетокот на сезонава

Вашингтон Визардс одбиле трејд за Џејмс Харден пред почетокот на сезонава

Written By Unknown on 12.12.12 | 14:22

Џејмс Харден -- неговите 24.7 поени по натпревар, неговите плејмејкерски способности и и неговата брада многу лесно можеа да се најдата во Вашингтон. Но на сопственикот на Визардс Тед Леонис не му се допаѓаше тоа.

Вашингтон Визардс ова лето одбија да го прифатат трејдот преку кој Џејмс Харден би пристигнал во тимот, главно поради тоа што на сопственикот на Визардс Тед Леонис не му се допаѓала идејата да му исплати на Харден 80 милиони долари за договор долг 5 години. 

Доколку Визардс би го добиле Харден, тие требале да ги испратат Бредли Бил и Крис Синглтон во Оклахома, трејд што има смисла. 

Иако овој трејд не се оствари, знаеме дека ГМ на Тандер Сем Прести сакаше да ги проба сите можности за трејд на Харден, па и опцијата шестиот играч на минатата сезона да се трејдува во Визардс не се исклучува, се додека Тед Леонис не пресекол. 

Како и да е, Харден на крајот заврши во Хјустон Рокетс, а во замена го добија Кевин Мартин, кој бесзабележително ја покрива улогата на шести човек, што всушност беше во рацете на Харден. 

0 comments:

Post a Comment