
Станува збор за крилните центри, Кевин Гарнет од Селтикс и Тим Данкан од Спарс. А нивното неслаѓање има своја историја... Најпрво, добро е познато дека Кеј-Џи не е еден од најомилените на публиката која останува будна во потрага по кошаркарски десерт и која се сеќава на сите тие работи на Гарнет.
Многу фанови на Сакраменто никогаш нема да му простат на Гарнет за мешањето со Кингси и добро памтат кога Кеј Џи со кошаркаркот Пилер го делеше местото во соблекувалната, а потоа тој се најде во четата на Аделман како соиграч на Владе Дивац, Пеџа Стојанкович и други... Не се мал број и оние кој мислат дека Гарнет редовно бара физички инфериорни играчи на кои би можел да им демонстрира сила, а доста фанови го памтат тоа кога самиот Гарнет не сакаше да се поздрави со довчерашниот соиграч Реј Ален...
И додека Кевин Гарнет е познат “кавгаџија“ во НБА лигата, спротивност на него е Тим Данкан. Во неговата биографија скоро и да нема подмукли потези, секогаш максимално беше конкретен кон сите противници, а во неговата кариера подолга од 10 години ретко кој играч да се пожалил на него.. Па повторно, еден човек успеа да го ифрли од колосек мирниот Данкан. Станува збор, секако за Кевин Гарнет.
Всушност, Тим Данкан не може со очи да го гледа играчот на Босон. Еве и зошто : двајцата стигнаа во скоро ист период во НБА лигата и имаа долга историја на своите дуели. И во тие дуели Кеј Џи пробуваше од такт да го извади Данкан. Како што тоа беше важно кој ќе победи. За Гарнет единствен триумф беше доколку го исфрли Тими надвор од колосек.
Во желба за триумф во својата игра, воден од Мекејловата поговорка “целта да го оправда средството“, Кеј Џи не премина на физички удари. Кога и да беше до Данкан му потфрлуваше најлоши работи, реченици непристојни да се пишуваат во оваа статија... Меѓутоа, тактиката на Гарнет да го омаловажува Данкан не му донесе многу резултати. Гледано низ целата кариера, Данкан беше безмилостен кон Кеј Џи : против неговите екипи даваше 19.4 поени и имаше 11.6 скока и има позитивен скор од 44-17.
“Сите добро знаеме како е Гарнет. Меѓутоа, во текот на нивните први дуели не се разви голем ривалитет, голема тензија. Спарси во главно ја победуваа Минесота за која играше Кеј Џи, а тогаш во 1999 година во плејофот во првата рунда се сретнаа токму тие два тима“,
вели навивач на Спарс кој не сакаше да го открие своето име, а потоа и додаде:
“Тогаш нивниот однос од лош беше претворен во очаен. Сите добро знеме дека мајката на Данкан починала кога само тој имал 14 години. Тој натпревар беше игран на 9 мај, баш кога се слави денот на мајката во САД. Некој фрлаше слободно фрлање, а Кевин му пријде на Тим, направи некој кретенски израз на лицето и му рече: “Среќен ден на мајката, педеру“. Тоа навистина беше ужасно. Се сеќавам дека Тим беше бесен како рис, а потоа во соблекувалната не можеше да се смири.“,
вели овој извор. За сите кој се запознаени со “дешавките“ во НБА лигата тешко е да замислат дека Тим Данкан може некого да мрази. Меѓутоа, ако зборовите на овој извор се точни, тогаш тешко е дека Данкан може да осеќа било што позитивно за својот противник. После се, можеби баш овие зборови на Гарнет пред 13 години му помогнаа на Данкан да биде толку успешен во играта...
Како ќе заврши нивниот дуел вечерва, дали ќе дојде до некоја провокација, ни преостанува да видиме...


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment