Со отсуството на Дерик Роуз, тренерот Том Тибедоу максимално ги користи своите главни играчи како Џоаким Ноа и Луал Денг оваа сезона.
Ноа оваа сезона во просек игра по 40.1 минута по натпревар, што е тотален скок од ланските 30.4 минути поминати на паркетот. Луал Денг оваа сезона на паркетот поминува дури 41 минута во просек на паркетот, но Денг е навикнат на оваа минутажа, бидејќи и лани тој играше големи минути за Тибедоу.
Но ова и работи за Булс. Тие имаат рекорд од 12-9 и се на врвот од центаралната дивизија.
Премногу ли е ова за Ноа и Денг ?
“Видете, во Чикаго ова е традиција. Уште кога Фил Џексон беше тренер на овој тим, а јас седев на противничката клупа, се прашував себеси дали Фил ќе ги извади некогаш овие исти играчи? И тоа никогаш не се случи...“ - изјави Том Тибедоу.
А еве и што рече Тибедоу за зголемената на минутажа на Ноа:
“Тоа би требало да е нормално за него. Ноа е во своите 20ти години.“
Тоа што го прави Тибедоу е тотално разбирливо. Тибс сака да победи, а нема многу опции на клупата, т.е. играчи што ќе ги заменуваат стартерите. Има причина зошто тренерите како Грег Поповиќ и Док Риверс ги одмараат своите играчи во текот на сезоната. Тибедоу немора да мисли на одморање уште во Декември, но би можел да размисли за тоа после Ол-Стар паузата.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment