Home » , » Џери Вест :“Коби е најдобриот кошаркар на сите времиња!“

Џери Вест :“Коби е најдобриот кошаркар на сите времиња!“

Written By Anonymous on 10.12.12 | 19:20


Легендата на Л.А Лејкерси, Џери Вест, човекот кој цела кариера ја помина играјќи за тимот од Калифорнија, уверен е дека Коби Брајант е најдобар играч на сите времиња. 

На Лејкерси оваа сезона не им оди имаат учинок од 9-12, но затоа Коби Брајант игра одлична сезона. Овој 34 - годишен кошаркар моментално има 28.4 поени, фаќа по 5.2 скока и дели по 5 асистенции на своите играчи. Покрај тоа, Коби има феноменален процент на шут од игра од дури  49%, а е толку успешен во шутот не бил во никоја од доаѓањето во лигата. За сјајните партии стигнаа и пофалби :

“Навистина е неверојатно она што го постигна Брајант со овој тим на Лејкерс. Ако ме прашате мене, тогаш нема место за никаква дилема и расправа, Коби е моментално најдобриот играч во историјата на Лејкерси. Колку тој човек има желба да дојде до триумф, колку е гладен за успех, тешко е да се опише. Неговиот труд и константната борба на паркетот се за почит и мораат да бидат ценети и признаени. Тој е сигурно еден од најдобрите играчи кој сме имале можност да ги гледаме во НБА лигата. За мене е најдобар.“ - вели Вест.

Ако тоа го кажува човекот кој ја обележа историјата на НБА лигата, тогаш сигурно оваа изјава има тежима. Џери Вест во дамнешната 1960 беше избран на драфтот од Лејкерси како втор пик, а таму ја помина цела кариера. Баш во таа 1960 година уште еден великан дојде во НБА лигата, станува збор за Оскар Робертсон избран како прв пик од страна на Синсинати Ројалси, денешни Кингси.

0 comments:

Post a Comment