Home » , » НБА лигата го казнува Стивен Џексон

НБА лигата го казнува Стивен Џексон

Written By Anonymous on 10.12.12 | 22:25


Кошаркаркот на Спарси, Стивен Џексон е казнет со 25.000 илјади долари од НБА лигата поради заканувачките пораки објавени за крилниот центар на Оклахома Сити Тандер, Серж Ибака преку Твтиер.

Џексон преку порака објави на Твитер заканувачки работи при што Ибака во петокот навечер на натпреварот со Лејкерси се “спречка“ со Мета Ворлд Пис.

“Некој нека му каже на Ибака. Следниот пат ако налета на мене, одам кон него со цела сила. Тоа е ветување. Претера.“ - напиша Џексон.

“Неодамнешните коментари кој ги изнесе Џексон се апсолутно не прифатливи, не можат да се толерираат и не ги одржуваат стандардите на Спарси.“, порача ГМ на тимот од Тексас.

Џексон набрзо по објавата ги тргна коментарите, а покасно и се извини исто така преку Твитер и сопственото мислење го нарече непрофесионално и детстко.

0 comments:

Post a Comment