
Гордон има голем проблем со неговото колено кое го оперира во февруари претходната година, односно пред година дена. Се очекуваше дека ќе биде спремен за почетокот на новата сезона, но неколку дена пред првиот натпревар повторно се појавија гласини околу неговата повреда на коленото, па сеуште нема запишано ниту еден настап оваа сезона.
Често изјавуваше дека коленото е се подобро и дека е се поблиску до настап, но тој ден ништо не се случи. Можеби ќе има повеќе среќа овој пат, затоа што самиот играч изјави дека треба да се врати во играта до крајот на месецов.
“Повеќе од 90 отсто сум сигурен дека ќе играм пред крајот на месецов“, изјави наскоро 24-годишниот шутер. “Тоа е мојата цел, моите тренинзи се поинтензивни и мислам дека наскоро ќе се вратам.“
Месецов Гордон го помина во Лос Анџелес каде се рехабилитираше, а од сабота би требало повторно да му се приклучи на тимот и да ги одработи сите тренинзи со него.
Хорнетси играат слабо оваа сезона, имаат просек од 5 победи и 20 порази, што ги става на последното место на Западната конференција. Враќањето на Гордон сигурно би му помогнал на тимот да биде подобар во офанзивниот дел на играта, што многу им треба бидејќи моментално со просечно постигнати 91.5 поени по натпревар се наоѓаат на претпоследното место во целата лига.
0 comments:
Post a Comment