
Неговите Клиперси ја забележаа 11тата победа по ред, а Пол стана петтиот најбрз играч во историјата кој ја надминал таа фантастична бројка. Зад него се реномирани легенди како Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џон Стоктон и Ајзеа Томас.
Пол вчера запиша 10 поени, 12 асистенции и 5 скокови за 28 минути. Тоа беше неговиот трет дабл-дабл учинок во последните пет натпревари и истовремено 243ти во кариерата. Бројни НБА играчи вклучувајќи го и ЛеБрон Џејмс преку Твитер му честитаа на Пол за овој подвиг, а тој само скромно коментираше:
“Кога победуваш и вкусот на храната е посладок од звукот на музиката“,
рече Пол.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment